Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
СВЕТСКИ БЕСТСЕЛЕР #1 СЕКТОРОТ Q Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање…
Детективот Карл Морк се враќа на работа по подолго отсуство поради престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен. Карл се обвинува себеси, а колегите почнуваат да го избегнуваат. Шефот го преместува во новоформираниот сектор за нерешени случаи надвор од Копенхаген, наречен секторот Q. Како единствен вработен во овој сектор му е назначен сирискиот имигрант Асад, кој всушност е чувар, но се покажува како талентиран и надарен детектив.
Карл одново ја започнува истрагата за случајот со исчезнатата млада политичарка Мерете Лингор. Таа исчезнала пред пет години и се претпоставува дека е удавена, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Карл смета дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не!
Веднаш по објавувањето, книгата се искачила на првото место на топ-листите и се задржала на врвот на бестселери цела година! Според книгата е снимен и филм.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам