Горица Попова активно се занимава со книжевен превод на македонски јазик. Досега се објавени нејзини преводи на над 40 дела од познати светски автори, меѓу кои позначајни се делата на Ирвин Јалом, Стиг Ларсон, Дона Тарт, Ју Несбе, Харуки Мураками, Марио Варгас Љоса, Осаму Дазаи, Ема Донахју и други.
Дипломирала во 1976 година, на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата Историја со историја на уметност, во класата на професорите Димче Коцо, Константин Петров и Ристо Андонов-Полјански.
Над 30 години работела како новинар. Почнала во Македонско радио – Радио Скопје во 1978 година, како соработник во Дневната редакција на емисиите на албански, бугарски и грчки јазик, потоа станала репортер во Надворешно-политичката редакција, па уредник на Редакцијата за внатрешна политика.
Од 2000 до 2002 година работела во тогашната локална Скај нет ТВ како новинар-репортер. Од 2002 до 2007 работела како одговорен уредник на секторот Вести на Македонската радио-телевизија. Подоцна била и главен и одговорен уредник и директор на Македонската телевизија. Од пред извесно време е соработник на Радио Слободна Европа.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам