Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Заштедувате 250 ден.
„Бебе Готвач“ е книга чија цел е да ја подигне свеста за наметнување на здрави навики во исхраната уште во самите почетоци кај бебиња од 6 месеци па нагоре.
Како две мајки чија цел беше да си го олесниме секојдневието го создадовме Бебе готвач за нас како и за сите оние кои сакаат да ги хранат своите деца здраво, и да учат заедно со нас новини кога станува збор за бебешката исхрана. Овој готвач е за оние кои сакаат да готват домашни, здрави оброци за себе и за своите деца, и да ја откријат убавината и мирисот на свежо подготвена храна кои ќе создаваат спомени со топлина и љубов.
Затоа оваа книга „Бебе Готвач“ им ја посветуваме на нашите деца, кои ни беа и се уште ни се инспирација да почнеме со оваа приказна, на сите родители, особено на мајките кои нѐ бодреа, на нашите блиски кои секогаш нѐ поддржуваат како и на сите оние кои сакаат и се грижат секогаш да имаат домашни и здрави оброци на својата трпеза.
Со сета љубов, од нас за вас!
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам