1. Што претставува програмата на Клуб на читатели?
Програмата за лојалност е осмислена заради почитување и, пред сè, наградување на сите наши редовни читатели преку попусти, награди и разни привилегии. При купувањето во книжарниците на ТРИ, за кој било износ, стекнувате право да станете член на нашиот Клуб на читатели. Првичниот попуст што го добивате како член е 10 % на сите артикли*. Програмата на попусти се базира врз 3 главни категории (скалила) на попуст, до кои се доаѓа преку активност, а се пресметува квартално, на секои три месеци, почнувајќи од 1 јануари.
* Попустот важи за сите изданија на ТРИ и Паблишер и за останатите издавачи кои се согласни со нашите услови.
2. Правила и услови за користење на картичките
Правилата и условите за членство во Клубот на читатели и користењето на лојалната картичка ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања што произлегуваат од членството во Клубот. Со зачленување во Клубот на читатели и со користење на картичката, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие правила.
Клубот на читатели подразбира програма за лојалност преку која членовите се стекнуваат со попусти и со ексклузивни придобивки во согласност со правилата и условите за членство во програмата за лојалност.
Клуб-картичката е поврзана со сметката на членот на програмата за лојалност, на која се евидентираат купувањата, стекнатите попусти, како и други информации во согласност со условите за нејзино користење.
Собраните попусти означуваат вредносна единица што се пресметува врз основа на остварените купувања во согласност со правилата и со условите на програмата за лојалност.
3. Како да станете дел од Клубот на читатели?
Процесот на зачленување е едноставен. За да добиете картичка за лојални читатели, ќе треба да пополните пријава со ваши основни податоци во нашите книжарници, по што компјутерски ве внесуваме во програмата за лојалност.
Сè се завршува за една минута.
Вработените во нашата книжарница ќе ви понудат зачленување, а вие треба само да оставите неколку основни податоци (име и презиме, мејл, телефонски број, датум на раѓање). Картичката ја добивате веднаш, со единствено членско бројче со кое можеме да го следиме и збогатуваме вашето читачко искуство.
Пријавата мора да биде целосна, правилно пополнета и потпишана. Преку своерачен потпис на печатената изјава за членство, потенцијалниот корисник изјавува дека е информиран за програмата и дека се согласува со правилата и со условите. Податоците ќе се користат исклучиво за целите на издавање на картичката и се во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
4. Стекнување попусти
Нашата лојална програма за членовите подразбира 3 категории попуст, кои се користат и се пресметуваат квартално според активноста на секој член поединечно во тековниот квартал.
5. Увид во состојбата
Секој член во Клубот на читатели може да направи увид во состојбата со приложување на картичката во сите наши книжарници и со квартално известување на мејл.
6. Престанок на членството
Корисникот може да го прекине членството во Клубот на читатели по сопствена желба, со приложување на картичката и барање да биде исклучен од програмата за лојални читатели.
7. Роденденски попуст
Роденденот е важен ден во животот на секој човек! Особено голема радост е за книгољупците, зашто со сигурност знаат дека ќе добијат книга за подарок.
Во пресрет на твојот роденден, ти подаруваме попуст од 40 % за три купени книги, што може да ги искористиш ден пред, ден по роденденот или на самиот роденден. Попустот важи во сите наши книжарници, за сите изданија на ТРИ и на Паблишер.
Кога ќе нè посетиш лично, не заборавај го својот документ за идентификација.
И оваа година од својот живот помини ја другарувајќи со книгите.
8. Политика за приватност и заштита на личните податоци
Политиката на приватност ги содржи практиките за приватност и објаснува како ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ ги користи вашите податоци, а се однесува на пријавата за зачленување во Клубот на читатели, како и на пратените електронски пораки до нас. Со оваа политика се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци што се цел на обработка. Со пополнување на пријавата и со пристапување кон Клубот на читатели, се согласувате со сите услови наведени во оваа политика за приватност, како и со условите за користење на Клубот на читатели.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам