×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Продажба и достава


ЕДБС: 4030999383158
ЕМБС: 383158

Процес на нарачка

Прв чекор: Изберете ги продуктите што сакате да ги нарачате

Покрај секој наслов/артикл се наоѓа копчето „Нарачај“  кликнете на него и производот автоматски ќе биде додаден во вашата кошничка.

Во кошничката можете да додавате неограничен број производи, како и да ги бришете продуктите што предходно сте ги додале. На ист начин, во кошничката може да се додадат и производите од листата на желби.

Во секој момент, со поглед кон горниот десен агол на екранот, можете да видите колку продукти имате во кошничката и која е нивната вкупна вредност. Кога ќе ги одберете сите книги што сакате да ги нарачате, притиснете на копчето „НАРАЧАЈ“ и преминете на вториот чекор од процесот.

 

Втор чекор: Прегледување на вашата кошничка

Откако ќе ги изберете продуктите што сакате да ги нарачате и ќе притиснете на копчето „ВО КОШНИЧКА“, ќе бидете автоматски префрлени во вашата потрошувачка кошничка. Во неа јасно се прикажани продуктите што ги нарачувате, количините (кои можете да ги смените во секој момент) и вкупната вредност на нарачката. Во десниот дел од кошничката се наоѓа поле каде што може да го внесете вашиот купон за попуст, кој ќе го добиете откако ќе станете член на нашиот Клуб на читатели

Доколку сакате да ја дополните нарачката со уште некој продукт, притиснете на копчето „ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ“, што се наоѓа во левиот долен дел од потрошувачката кошничка.

Доколку сакате да ги избришете сите артикли и одново да направите нарачка, кликнете на копчето „ИСЧИСТИ ЈА КОШНИЧКАТА“.

Доколку сакате да извршите промени во количините на нарачаните артикли, кликнете на копчето „АЖУРИРАЈ ЈА КОШНИЧКАТА“.

За да продолжите кон следниот чекор од процесот на нарачка, притиснете на копчето „ПОЈДИ НА КАСА“, што се наоѓа во долниот десен агол од потрошувачката кошничка.

 

Трет чекор: Внесување на вашите податоци

Во овој дел треба да ги пополните полињата со потребните лични информации. Полињата што се обележани со ѕвездичка (*) се задолжителни и без нив вашата нарачка нема да биде успешно извршена.  Ако сте веќе регистриран член, најавете се со внесување на вашата имејл-адреса и лозинка. Доколку сте веќе регистриран член, при внесувањето на имејл-адресата системот ќе ве препознае и веднаш ќе ви даде можност да се најавите.

Со избирање на опцијата „Регистрирајте се за во иднина“ вашите податоци ќе бидат зачувани во нашиот систем, што ќе го олесни и забрза процесот на нарачување во иднина.

 

Четврт чекор: Метод на испорака

За нарачки во Македонија доставата ја врши курир-службата „Еко логистик“.

Пратката ќе пристигне на вашата домашна адреса од 1 до 3 работни дена од комплетирањето на нарачката. Поштарината автоматски се пресметува и се додава кон вредноста на нарачката врз основа на нејзината тежина. 

Сите нарачки над 1.000 денари во границите на Македонија се квалификуваат за бесплатна испорака.

За нарачки надвор од границите на Македонија ги користиме услугите на „Македонска пошта“ и брзата пошта „ДХЛ“, во зависност од тоа која можност ќе ја изберете, дали регуларна или брза пошта.

Откако ќе го изберете начинот на испорака што најмногу ви одговара, кликнете на зеленото копче „Продолжете“ .

Забелешка: Поради сигурност на пратката, ве молиме наведете го вашиот телефонски број, на кој курир-службата ќе може навремено да ве исконтактира со цел да го договорите времето на достава на пратката. Во случај пратката да биде вратена од оправдани причини, трошоците за повторно праќање паѓаат на сметка на купувачот.  

 

Петти чекор: Информации за плаќање

Одберете го начинот на плаќање. На интернет-книжарницата kniga.mk можете да изберете меѓу два метода на плаќање: 1. Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката 2. Плаќање со платежна картичка.

 

Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката  Доколку сакате да платите во готовина во моментот кога курирот ќе ја достави пратката до вашата домашна адреса, изберете ја оваа понудена опција. Услугата ќе ве чини дополнителни 30 денари кои автоматски се додаваат кон сумата во вашата кошничка. Плаќање со платежна картичка

Доколку при нарачката сте го избрале овој начин на плаќање, системот автоматски ве пренесува на страницата за електронско плаќање на НЛБ Тутунска банка.

 

Шести чекор: Прегледување на нарачката

Во овој чекор можете детално да ја прегледате својата нарачка. Во десниот дел се вашите податоци, адреса за испорака, методот за испорака и плаќање, кои предходно ги избравте.

Во левиот дел можете да ги прегледате продуктите кои ги нарачавте, нивната количина и цена. За потврдување на нарачката притиснете на зеленото копче „ПОТВРДИ“ во долниот десен агол.

Веднаш по комплетирањето, ќе добиете имејл за потврда на нарачката и линк за да го следите нејзиниот напредок.

 

МЕТОД НА ИСПОРАКА

За пратки во границите на Македонија ги користиме услугите на курир-службата „Еко логистик“.

Времето потребно за испорака  на вашата пратка е до 3 работни дена од моментот на комплетирање на нарачката.

До отстапки или пролонгирање на испораката може да дојде доколку примачот не е на адресата која е внесена во нарачката, поради лоши временски услови и поради сите останати непредвидливи ситуации што можат да влијаат врз транспортот на пратката.

Достава на пратките се врши во работни денови, од 8:00 до 17:00 часот. За достава на нарачка можете да наведете и друга адреса од онаа на која живеете, на пример, адреса на работно место. БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

За сите нарачки над 1.000 денари во границите на Македонија поштарината е бесплатна.

 

ИСПОРАКА ВО СТРАНСТВО

За нарачки надвор од границите на Македонија ги користиме услугите на „Македонска пошта“ и брзата пошта „ДХЛ“, во зависност од тоа која можност ќе ја изберете, дали регуларна или брза пошта.

Нарачките надвор од  Македонија можете да ги платите единствено со платежна картичка. Цената на испораката на книгите во странство се пресметува на следниот начин: 1. Регуларна пошта – препорачана пратка преку услугите на „Македонска пошта“: – за пратки до 1 килограм – 615 денари – за пратки до 2 килограми – 916 денари.

Рокот на испорака е од 2 до 3 недели за Европа, а од 4 до 6 недели за прекуокеански пратки.

2. Брза пошта „ДХЛ“: – за пратки до 1 килограм – 35 евра – за секој нареден килограм цената се зголемува за дополнителни 5 евра, односно 2,5 евра за секој половина килограм (500 г).

Рокот на испорака до вашата адреса е најдоцна за 3 работни дена во Европа, 4-5 работни дена за САД и 5-6 дена за Далечниот Исток и остатокот од светот.

Забелешка: Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките што се праќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примачот.