КРЕАТИВНИ КОМПАНИСКИ ПОДАРОЦИ
Нова година, нови цели, нови можности! Разгледајте го каталогот со предновогодишната корпоративна понуда на ТРИ и изненадете ги вработените со богат избор на најразлични изданија.
Предновогодишната понуда содржи сѐ – од книги што ја преобликуваат дефиницијата за успех, самодоверба и комуникација, домашни хитови што го освојуваат светот, па сѐ до книжевни новогодишни пакетчиња за најмладите.
Пакувањето на книгите е во склоп со нарачката, а сите нарачки може дополнително да се брендираат со компаниско лого на самата корица или на бележник, како и со додавање на страница. Разгледајте ја понудата и побарајте нè!