
САЕМСКИ КАТАЛОГ 2025: ВЛЕЗИ. ПРОЧИТАЈ. ПРОЦВЕТАЈ!
САЕМ НА КНИГАТА 2025: ВЛЕЗИ. ПРОЧИТАЈ. ПРОЦВЕТАЈ СО САЕМСКИОТ КАТАЛОГ НА ТРИ
На Саем на книгата книгите светат, а мислите цветаат. Како да процвета нашата градина на мислите? Преку книгите! Книгите за нас се она што е светлината за цветот. Книгите за животот се како сонцето за цвеќето. Кои книги? Кои и да ти се потребни! Најголемиот читачки настан се случува од 8 до 14 мај во Спортската сала „Борис Трајковски“. На штандот на ТРИ ќе имаш понуда од над 600 наслови, попусти до 80 % и дополнителни количински понуди, 3 или 5 книги за 500 денари, книги на распродажба од 99 денари, додека програмата полна со музика ќе ти го исполни срцето во ритам на зборот.
Кликни и разгледај го каталогот кој ги содржи добропознатите наслови, саемските новитети и поволните саемски акции, кои го прават овој Саем на книгата незаборавно искуство за секој читател

Книгите се семето, а мислите се цветот. Преку читањето можеме да ја доживееме нашата внатрешна промена. Процветај читајќи ги ексклузивните новитети меѓу кои се „Наспроти мојата животна филозофија“ од Патриша Марш-Стефановска, „Дневникот на еден извршен директор“ од Стивен Бартлет, „48 закони на моќта“ од Роберт Грин, „Зошто спиеме“ од Метју Вокер, и секако, и новитетите што неодамна пристигнаа како најдоброто од Доли Олдертон или најпродаваната домашна авторка Румена Бужаровска.
Секоја свртена страница носи нова светлина. Нова среќа. Па ајде да влеземе на Саемот на книгата како цвет, да излеземе како плод! Тука секоја приказна ни шепоти: сонувај високо, размислувај далеку. Зборовите нè водат и се нашата светлина низ патот. Овој Саем на книгата заедно да создадеме градина од идеи и блескави мисли. Овој Саем нека биде нашето ново будење!