
ОГЛАС ЗА КНИЖАР: ТИ ГИ БАРАШ КНИГИТЕ, ТРИ ТЕ БАРА ТЕБЕ
Ако на секое прашање имаш книжевна препорака наместо одговор. Ако веруваш дека хартијата има душа. Ако си читател, тогаш знаеш дека нашиот сон е работа во книжарница.
Повеќе не мора само да мечтаеш, зашто ТРИ е во потрага по најдобриот книжар во градот! Ако веруваш во себеси и во нас и нашите изданија, тогаш овој е вистинскиот оглас за тебе. Еве што сè треба да знаеш пред да се пријавиш:
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Знаење англиски јазик.
Потребни способности и вештини:
- Одлично познавање на книжевноста
- Одлични организациски способности
- Вештини на продавање
- Комуникативност, отвореност, љубезност
- Висока професионалност
- Подготвеност за работа во смени
- Заинтересираност за новитети.
Време за пријавување на огласот – до 15.8.2025 г.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски јазик и мотивациско писмо на: kariera@kniga.mk.