×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Сеќавања, соништа, мисли

Сеќавања, соништа, мисли

Карл Г. Јунг


Издавач: Конгресен Сервисен Центар
Автор: Карл Г. Јунг
ISBN: 9786084850670
Жанр: Стручна литература
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
500 ден.

Ова автобиографско дело на Јунг е различно од најголемиот број дела од овој жанр.

Додека стандардната автобиографија пишува за постапките, делата, успесите и (поретко) неуспесите на авторот, при што внатрешниот живот на авторот, неговиот карактер, емоциите и неговата личност ги има сосема малку или ни толку, книгата „Сеќавања, соништа, мисли“ е книга од чии страници изнурнува, се обликува, пред наши очи се укажува ликот на самиот автор. Ова е книга за самоосвестувањето и себеистражувањето, за големото внатрешно будење, книга за спиритуалното и интелектуалното себеоткривање на К. Г. Јунг! Опишувањето на неговите визии, соништа, фантазиите и насетувањата, кои и самиот тој ги држел потиснати до пред самиот крај на животот, а кои сега ги смета за своето „најголемо богатство“, се вредни патокази што Јунг внимателно ги следи на патот кон средбата со сопствената личност.

Притоа, ова патување не е ексцентрично изолирано искуство на осамениот поединец, кое нема никаква вредност за другите, колку, инаку, и да е драгоцено за оној што го изодел патот до себе; не, вредноста на ова искуство не е само огромна, туку е универзална! Ова интроспективно патување има епохално значење како призма низ која се обликуваат колективната душа и архетипските матрици на секој човек и на целото човештво!

Карл Г. Јунг

Карл Г. Јунг

 Карл Густав Јунг (1875-1961) е еден од столбовите на психологијата и основач на аналитичката психологија. Концептите на Јунг освен во медицината, имаат влијание и во филозофијата, религијата, антропологијата и археологијата. Јунг е монументална фигура и непобитен белег не само во науката, туку и во општеството.

Јунг е роден во мало швајцарско село Кесвил во семејство со образовано минато. Неговиот татко бил рурален пастор, син на професор по медицина, а неговата мајка потекнува од големо семејство како ќерка на академик и црковник.

Детството на Јунг, особено несогласувањата на неговите родители и болешливата и депресивна природа на неговата мајка имаат голем удел во понатамошниот живот на Јунг, а се рефлектирале и во неговото учење. Отсуството на мајка му придонело да биде понаклонет кон улогата на таткото, но сепак бил разоаран од татковиот однос кон верата. Сфаќањата за симболите, архетиповите и колективното несвесно се инспирирани од овие искуства од минатото.

Започнал со студии на универзитетот во Базел, а во 1900 година се преселил во Цирих и се вработил во психијатриска болница. Искуствата што ги стекнал со пациентите во овој азил придонеле до формирање на некои концепти на несвесното. Неговата теорија им помогнала на пациентите кои се справувале со стравови, трауми и анскиозност. Во 1905 година бил назначен за доктор во болницата, а во тој период почнал да држи предавања на Универзитетот во Цирих и остварил комуникација со другата најголема фигура во психологијата - Фројд. Иако Јунг и Фројд соработувале и се познавале добро, по некој период настанала теоретска дивергеницја помеѓу нив двајца (Јунг се разликува многу од фројдовата концепција на психата), и со ова разидување на професионален план, престанал и нивниот личен пријателски однос. Тензијата помеѓу нив настанала додека Јунг работел на симболичното значење на либидото, а најголемото несогласување настанало во 1912 година со објавување на „Психологија на несвесното“, кога сите психоаналитички заедници се свртеле против јунговите концепти на несвесното. Ова го натерало Јунг на изолација. Се втурнал во фантазии и изучување на митологијата. Во овој период се соочил со несвесното, во еден процес на т.н. активна имагинација гледал визии и слушал гласови што станале основа на архетипот. По одреден период на изолација, почнувајќи од 1921 со издавањето на „Психолошки типови“ следува деценија на активно објавување испреплетено со патувања на места како Ново Мексико, Аризона и Египет со цел да се запознае со останатите култури, а особено го интересирале и притимитвните племиња. Тој и тогаш нерпестано создавал, ги изучувал архетипските обрасци и процеси.

Јунг живеел за своите анализи и за психолошката практика од која се откажал во 1944 година поради срцев удар. Освен психологија на Универзитетот во Базел, предавал и филозогија од 1933-1942 година во Цирих, а таму го основал и институтот именуван според него во 1948 година.

Меѓу неговиот голем опус на книги, се врбојува „Црвената книга“, што е ракопис создаван долги години, каде Јунг се обидува да се соочи со сопствените демони и со потиснатите елементи на неговата психа. Во „Архетиповите на колективното несвесно“ се забележува разидувањето на фројдовиот фокус кон поединецот, со тоа што Јунг го поставува архетипот како психички израз на структурите наследени од нашите врснници, а пак во  „Психолошки типови“ се анализираат различни типови на личност според основите принципи на психата. 

Пред да почине од срцеви заболувања, во 1961 година ја пишува својата последна книга „Човекот и неговите симболи“.  Бидејќи несвесното го запознаваме и со него комуницираме преку соновите, оваа книга опфаќа голем дел објаснувања за нив, како и дефинирање на термините екстраверт, интроверт, архетип, анима и анимус – термини без кои не можеме да ја замислиме модерната психологија.

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира