×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Модерни измами

Модерни измами

Роберт Атанасов


Издавач: ТРИ
Автор: Роберт Атанасов
ISBN: 99786082309842
Жанр: Стручна литература
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
374 ден. 499 ден.

Заштедувате 125 ден.

Кој има снажни раце, ќе победи еден непријател; кој има знаење, ќе победи илјада.

Непроценлив водич за самозаштита од вешти измами, од најнаивни до најсофистицирани – наградни игри, онлајн нарачки, давање лични податоци и пари на рака без договор, до хакирање и „купување“ криптовалути...

Како инспектор во областа корупција и фалсификати, финансиски криминал и измами, Роберт Атанасов посведочил најразновидни измами на кои наседнуваат голем број луѓе, кои понекогаш остануваат и без своите животни заштеди. Сакајќи да ни помогне, тој ни ја нуди оваа практична и корисна книга за самозаштита. Книга каква што досега сме немале можност да прочитаме, која изобилува со примери од најразличен вид измами – и класични и современи, со користење на сите достапни видови технологија.

Не дозволувајте да паднете во истата стапица како многумина чии финансии и животи биле загрозени поради мало невнимание. Научете како да си ја заштитите платежната картичка од злоупотреби и кражби, кои се знаците дека вашиот телефон можеби е хакиран и уште многу други корисни совети што нема да ве направат плен на киберкриминалците. Прочитајте ја книгата на Роберт Атанасов за да не бидете жртва на вештите измамници.

Роберт Атанасов

Роберт Атанасов

Види повеќе