×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Невидливите бесови на срцето

Невидливите бесови на срцето

Џон Бојн, Превод: Горица Попова


Издавач: ТРИ
Јазик: Македонски
Број на страни: 678
Година на издавање: 2024
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Џон Бојн
ISBN:
Жанр: Е-КНИГИ
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
600 ден.

Упатство за е-читачи:

Откако Вашата нарачка ќе биде примена на нашиот мејл, очекувајте мејл со код и достапност до е-изданието.


Кратка содржина на книгата:

Поминав толку време туркајќи го чамецот што заборавив да се качам во него. Сега е на отворено море и е мошне убаво да се гледа како плови… 

Сирил Ејвери не е вистински Ејвери, како што нагласува татко му. И никогаш нема да биде. Мајка му – бремена девојка избркана од родното село поради сторениот грев – оди во Даблин, каде што го раѓа својот вонбрачен син. Сирил завршува кај една богата ексцентрична двојка кај која ништо не му недостига. Освен љубов.

Сирил е залутан во големата куќа и во светот и единствената светла точка во неговото детство се запознавањето со необичното момче Џулиен и љубовта кон него. Препуштен на судбината и случајноста, му претстои тежок пат кон себеси и кон корените, за да ја прифати својата нетрадиционална сексуалност и да се избори со суровоста на светот.

Мајсторско дело од авторот на „Момчето во пижами на риги“, трогателна и драматична одисеја на еден обичен човек и на една цела нација, залутани во времето. Привлечна, скандалозна, парадоксална и на места забавна, длабока и умна книга за љубовта која не е секогаш таква каква што си ја замислуваме. 

Бојн создава светлина од пропаста, хумор од очајно тажни ситуации... Прекрасно четиво! Прес асосиејшн

Џон Бојн е роден во Даблин, Ирска, во 1971 година. По шеснаесет романи за возрасни, шест романи за деца и млади, две новели и една збирка раскази, денес во книжевниот свет е познат како писател на меѓународни бестселери, а во духовниот свет го препознаваме како запишувач на вистината. Секоја прва реченица од неговите дела е почеток на едно ново патување, богато со загубени, но и со добиени битки.  Дури и кога се изнемоштени и навидум безнадежни, ликовите на Бојн секогаш наоѓаат начин да се пробијат до излезот, не преку барање на светлината како патоказ, туку со тоа што самите стануваат светилник. Оваа книга е дел од едицијата „Нашите приказни“ која е кофинансирана од Прорамата на Европската унија „Креативна Европа“.

Џон Бојн

Џон Бојн

Види повеќе