Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Студен е мигот кога за првпат ќе се здогледаш низ очите на друга личност зашто сфаќаш дека живееш во заблуда за сопственото постоење – и тогаш бездната на непознатиот свет станува уште подлабока.
„Хејлшам“ е навидум мирно интернатско училиште незасегнато од надворешни влијанија. Неговите добро згрижени ученици оттаму излегуваат обликувани според очекувањата на светот. Но никој не ги учи дека она што ги очекува надвор е многу пострашно одошто им се чини. Кети Х. дури по неколку години ја открива вистината за своето идилично училиште – морничавата тајна дека учениците се клонови создадени да обезбедуваат витални органи за човечката популација. Ќе успеат ли таа и нејзините пријатели Рут и Томи да се приспособат на напредниот, но сè уште суров свет?
„Никогаш не оставај ме“, потресна приказна со дистописки призвук, прераснува во предупредување за човештвото и опасностите што му се закануваат за сметка на напредокот.
„Вознемирувачко четиво, со беспрекорна контрола на дејството... Неодоливата моќ на книгата произлегува од способноста на Ишигуро да ја изложи мрачната суштина со одбрани зборови.“
Ентертејмент викли
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам