×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




„ТОНИ“: ПРВ РОМАН ОД РУМЕНА БУЖАРОВСКА – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕШТО ШТО ЌЕ ВЕ УДРИ ОД ЗЕМЈА

„ТОНИ“: ПРВ РОМАН ОД РУМЕНА БУЖАРОВСКА – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕШТО ШТО ЌЕ ВЕ УДРИ ОД ЗЕМЈА

Планирајте навремено – се приближува книжевниот настан на годината! На 4.12. се промовира „ТОНИ“ –  роман за машкоста, за градот и за традицијата, во издание на ТРИ.

Ставајќи се себеси на прво место, Тони неприкосновено се држи за својата илузорна дефиниција за личната слобода. Наместо да ги храни своите лични односи со емпатија, тој паразитски нагризува од емпатијата и љубовта на луѓето кои се грижат за него. И полека тоне. Но дури и таквиот божемен живот не прави од него подобар рокер.

Тони тоне, удолу го влече товарот на неговиот лежерен став кон животот, недостигот на сопствен интегритет и живеењето на стара слава, која исто така е под знак прашање.

Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, „Тони“ ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.  

Наскоро!





Најнови објави