PP Investment Education
PP Investment Education е проект наменет за подигање на свеста за инвестирање и за поддршка на индивидуалните инвеститори при започнување со долгорочни инвестициски патувања.
Идејата за проектот и неговата успешна реализација ја овозможија Владимир Поповски и Дамјан Пановски, двајца долгогодишни пријатели и посветени инвеститори кои своето знаење и умешност, благодарение на богатото меѓународно искуство во различни сектори, ги трансформираат во лекции и совети што на новите инвеститори им помагаат да ги остварат своите планови.
Владимир Поповски е економист по едукација, а повеќе од 10 години работи во бизнис-сферата и во светот на инвестициите. Поголемиот дел од професионалното искуство го има стекнато надвор од Македонија – во Стокхолм и Виена, а последните седум години во Доха, Катар. Неговиот основен професионален фокус е насочен кон консалтингот, што подразбира соработка со најголемите институционални фондови при нивните аквизиции на комерцијални недвижности низ проекти во Европската Унија, советувајќи ги при трансакции во висина од 50 милиони долари, па нагоре.
Дамјан Пановски е исто така економист кој својата кариера ја започнал во сферата на енергетиката, како трговец со електрична енергија во Софија, и во областа тргување со јаглеродни сертификати на берзата во Лондон. Од пред пет години, Дамјан е целосно посветен исклучиво на портфолио менаџмент и управување на сопственото портфолио. Ова му носи голем успех како долгорочен Value Investor. Острото око на Дамјан за берзанските пазари довело до избор на акции кои генерирале приходи од 6x до 25x.
Настапувајќи заедно како PP Investment Education, Владимир и Дамјан се на пат кон остварување на своите амбициозни планови, а преку нив и кон отворање плодна почва за новите инвеститори.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам