×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Стани вешт комуникатор – предавање по принципите на Дејл Карнеги

Стани вешт комуникатор – предавање по принципите на Дејл Карнеги

Предавач: Борче Николовски

Датум: 25.02.2024 (вторник)
Локација: Јавна соба (Public room)
Време: 19 часот
Категорија: ТРИбина
500 ден.


Сакаш да ги подобриш своите комуникациски вештини и да ги освојуваш соговорниците и околината со уметноста на убедувањето?


На 25 февруари во „Паблик рум“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи ТРИбина за комуникациски вештини по принципите на Дејл Карнеги, а под менторство на консултантот Борче Николовски.


Концизниот израз, пристапен и уверувачки говор на тело, контрола врз пристрасноста и претходни планирања при изразувањето, се само дел од принципите на успешната комуникација кои ги препорачува глобално познатиот автор и предавач Дејл Карнеги.


Водејќи се по идејата дека комуникацијата е пат до успехот, Николовски ќе ги открие и сподели своите вештини за комуникацијата во професионалната сфера и непосредната околина, со осврт на:


- како најдобро да ги пренесеш своите идеи
- како да зборуваш убедливо и самоуверено
- како да го контролираш говорот на телото
- како да бидеш добар слушател
- како да се справиш со луѓето кои размислуваат негативно
- како да ги решаваш несогласувањата


Со долгогодишно искуство во комплексни проекти на меѓународно и локално ниво, Николовски има докажани вештини за меѓучовечки релации и комуникација со лица од различни националности и заднини. Од 1997 до 2009 г. е менаџер на Британскиот совет во Македонија (British Council Macedonia), каде што е вклучен во воведувањето на регионалната стратегија на организацијата. Во периодот од 2016 до 2017 година, ја извршува функцијата менаџер на ЕУ Инфо центарот во Скопје. Во моментов е активен како консултант и стручен соработник за комуникации.


По предавањето ќе следува дискусија во која Николовски ќе даде одговори на недоумиците, но и практични совети и конкретни, индивидуални решенија на проблемите и пречките со кои се соочуваш.


Влезот е ограничен. Влезницата чини 500 денари и во цената е вклучена и консумација, како и пригодни подароци. 

Борче Николовски

Борче Николовски

Со долгогодишно искуство во комплексни проектни на меѓународно и локално ниво, Николовски има докажани вештини за интерперсонални релации и комуникација со лица од различни националности и позадини. 

Од 1997 до 2009 г. е менаџер на Британскиот совет во Македонија (British Council Macedonia), каде што е вклучен во воведувањето на регионалната стратегија на компанијата. Во периодот од 2016 до 2017 година, ја извршува функцијата менаџер на ЕУ Инфо центарот во Скопје. 

Во моментов е активен како консултант и стручен соработник за комуникации.

Види повеќе