×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Безматичник

Безматичник

Мира Марќинув, Превод: Лидија Танушевска


Издавач: ТРИ
Јазик: Македонски
Број на страни: 256
Година на издавање: 2025
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Мира Марќинув
ISBN:
Жанр: Е-КНИГИ
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
190 ден.

Упатство за е-читачи:

Откако Вашата нарачка ќе биде примена на нашиот мејл, очекувајте мејл со код и достапност до е-изданието.



Кратка содржина на книгата:

Зборовите на мајка ми никогаш не беа туѓи. Сите влегуваа во мојот јазик, во кој ќе останат засекогаш.

Во брилијантната проза на Мира Марќинув сè е непредвидливо и чудно, а најчудна е смртта што не треба да се случи. Иако на децата им се чини дека нивните мајки секогаш треба да бидат со нив, во светот постојат две крајни, непредвидливи околности: се умира со трагична смрт или по долго страдање.

Во „Безматичник“ Мира Марќинув се обидува да изнајде нов јазик за да ја опише загубата на саканата личност. Интимноста и недостигот таа ги претвора во книжевност: моќна, духовита и истовремено треперлива, сурово искрена, полна со нежност и копнеж…  иако огромната празнина не може лесно да се пополни.

„Безматичник“ е обид да се пронајде и да се разбере љубовта, желбата да се живее и бегството од смртта. Енергичен роман за отсуството, сеќавањата, детството во посттранзициската реалност на 90-тите години. За една безмерна љубов каква што може да се случи само меѓу мајка и нејзината ќерка, која се чувствува како пчела што ја изгубила својата матица.

Оваа книга е дел од едицијата „Нашите приказни“ која е кофинансирана од Прорамата на Европската унија „Креативна Европа“.

Мира Марќинув

Мира Марќинув

Мира Марќинув е современа полска писателка и филозофка, доктор по хуманистички науки и психологија на Јагелонскиот универзитет во Краков, доцент на Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науките.

Родена е на 19 март 1985 година, во Шчечинек, Северна Полска.  Студирала хуманистички науки на Јагелонскиот универзитет, каде што дипломирала филозофија и психологија. Докторирала на Филозофскиот факултет при Институтот за психологија. Работи во Одделението за логика и когнитивни науки на Институтот за филозофија и социологија при Полската академија на науките. Коосновач и раководител е на Центарот за психоаналитичка мисла ИФиС при Полската академија на науките. Предавала на Универзитетот за социјални и хуманистички науки и психологија во Варшава и на Јагелонскиот универзитет. Добитничка е на повеќе награди, признанија и стипендии во својата област. Авторка е на повеќе текстови: за историјата на полската психијатрија, за меланхолијата, за историјата на идеите, за книжевното лудило, за танцувањето и за животинската психопатологија. Се занимава со филозофија на психијатријата и теоријата на лудилото, со посебен осврт на полското наследство.

Безматичник е нејзин прв роман. Во 2020 година за него ја добила годишната награда за литература што ја доделува списанието Политика. Номинирана е и за една од најреномираните полски книжевни награди Нике за 2021 година. 

Види повеќе