×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Од работ на ништотноста

Од работ на ништотноста

Корине Дејвис, Превод: Ели Пујовска


Издавач: ТРИ
Јазик: Македонски
Број на страни: 390
Година на издавање: 2024
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Корине Дејвис
ISBN:
Жанр: Е-КНИГИ
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
350 ден.

Упатство за е-читачи:

Откако Вашата нарачка ќе биде примена на нашиот мејл, очекувајте мејл со код и достапност до е-изданието.

Кратка содржина на книгата:

Вреди ли иднината во која не се присутни саканите луѓе?

Воопшто не е едноставно да се напушти познатиот живот, сето она што си го создавал до кобниот ден – кога Земјата е погодена од комета. Денис, нејзината сестра Ирис и мајка им успеваат да добијат место во едно привремено засолниште во близина на Амстердам. Но додека времето до експлозијата неумоливо се приближува, Ирис никаде ја нема, а мајката не може да се раздели од домот. Дениз е веќе сигурна дека нема да стигнат до засолништето навреме…

Сепак, една неочекувана средба на пустите улици ги води до подобро решение: огромен вселенски брод што треба да ја напушти Земјата и да колонизира нови светови по ударот на кометата. Но за да остане во него, секој патник мора да има некаква практична вештина за да придонесе за животот на заедницата. Дениз е аутистична и се плаши дека нема да ѝ биде дозволено да остане, мајка ѝ има проблем со одвикнување од дрога, а сестра ѝ се здружува со отпадниците сакајќи да им помогне да преживеат. Дали ќе ги откријат? Дали сепак ќе можат да останат пред бродот да полета? Кога е во прашање иднината на човечката раса, чии животи се најважни? Оваа книга е дел од едицијата „Нашите приказни“ која е кофинансирана од Прорамата на Европската унија „Креативна Европа“.


Корине Дејвис

Корине Дејвис

Корине Дејвис е современа холандска авторка на научна фантастика, а објавува и дела за деца и млади, како и раскази. Родена е на 28 април 1989 година, во Амстердам.

Досега ги има објавено „Разврзани“ (2014), „На работ на ништотноста“ (2016) и „Уметноста за спасување на светот“ (2020). Сите романи го имаат привлечено вниманието на критичарите, што подразбира и многу напишани осврти за нејзините книги, појавување на светските топ-листи и освојување награди. „Киркус“ уште по објавувањето на романот „На работ на ништотноста“ го прогласи за прекрасно деби, а „Паблишерс викли“ го нарече „возбудлив апокалиптичен трилер со неизмерна длабочина“.

Во моментов работи на својот нов роман што треба да излезе во текот на 2024 година. Како авторка се потпишува и во „Чувари на галаксијата“: „Собери ги сите“ (2017) како дел од серијалот графички новели на „Марвел“.

Хоби ѝ е сликањето, а најчесто работи црно-бели портрети од јаглен. Во последно време во нејзините цртежи најмногу се појавуваат ликовите од самите романи. Ги обожава суперхероите, стриповите и видеоигрите.

Корине Дејвис има свој значаен придонес во заложбите за луѓето со попреченост. И самата таа е аутистична и често некои од нејзините ликови имаат одредена форма на аутизам. Таа е една од основачите и уредници на веб-страницата „Попреченоста во литературата за деца“, чија цел е преку статии, рецензии, критики и дискусии од луѓе кои се идентификуваат со некаква попреченост, да се докаже спротивното од вообичаеното мислење – дека и со попреченост може нормално да се живее.

Иако е родена и долго време живеела во Амстердам, денес живее во мало село јужно од Амстердам, со нејзиното момче и со две фантастични мачиња. 

Види повеќе