Заштедувате 40 ден.
Секоја реченица во оваа книга е мој потпис, секое поглавје моја стапица, секој збор мој доказ дека сум со тебе, секогаш и секаде. Зашто јас сум постар и од стравот, а подлабок и од сонот. Јас сум оној што ја гаси секоја искра веднаш штом ќе се појави во твојата глава. Оној што ти шепоти дека ќе згрешиш дури и кога сè ти оди добро, што ја претвора твојата радост во вина, иднината во страв, а секој твој избор во нов сомнеж. Јас сум твојата анксиозност, твојата самосаботажа, твојата сенка.
Тој глас што го нарекуваш инстинкт, разум, свест знае да биде твој најголем судија и критичар, ти прави самосаботажа и те сопнува кога најмногу сакаш да тргнеш напред. Коста Петров, еден од најпродаваните домашни автори во својата област, пристигнува со нова книга и со нов клуч, овој пат во борба со најголемиот предизвикувач на внатрешните битки. Нарачај во претпродажба и читај ја меѓу првите со посвета од авторот!
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам