| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Една од најпознатите книги за азбука во светот, преведена на повеќе од 20 јазици – „Азбука на чувствата: денес се чувствувам…“ на португалската авторка и уметница Мадалена Мониз – сега и на македонски јазик, во превод и адаптација на Билјана Црвенковска.
А за авантуристички, К за колебливо, Љ за љубопитно, О за осамено, С за слободно… – секоја буква е опишана со силна, уникатна визуелна метафора. Растењето е една авантура на чувствата, патување во кое се откриваме себеси, другите и светот околу нас.
Сликовницата е преведена на германски, шпански, француски, италијански, англиски и многу други јазици, а наградена е и со престижната награда Opera Prima – Special Mention BolognaRagazzi Award.
За љубителите на сликовници што се повеќе од само сликовници – туку и вистински уметнички дела – рачно насликанa со мастило и акварел.
На крајот, секој од нас може да се запраша: како се чувствувам денес?
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам