×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Лисица

Лисица


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
ISBN: 9786082432762
Жанр: Дубравка Угрешиќ
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
350 ден.

Делото „Лисица“ од првата дама на ексјугословенската книжевност, Дубравка Угрешиќ, е роман, автобиографија, патопис – и многу повеќе од тоа. Авторката на духовит начин се пресметува со современата книжевна сцена и со глобалните трендови,  патувајќи, литерарно и физички, од Јапонија преку многу руски класици до американските авантури на Набоков, или пак до бесмисленото претставување на книгата во денешниот свет.

Што е книжевноста денес, која е нејзината улога и, уште поважно, која е улогата на писателот, дали е тој само кловн што патува низ светот, дали воопшто е возможно сè уште да се раскажуваат приказни, дали е возможно само така да се создаде роман и да се измисли приказна, како и кој има контрола над текстот, авторот или самата приказна – сите овие прашања ги поставува „Лисица“.

Без нималку патетика, преполна со фин хумор, со суптилна иронија, со книжевни и теориски референции, „Лисица“ е посвета на писателите и на пишувањето, на оние важните, неодминливите, на оние чии приказни го менуваат читателот. Такви приказни може да создаде само исклучителен раскажувач, а таква раскажувачка без сомнение е токму Дубравка Угрешиќ.

„Необичен книжевен прирачник за бивши и за идни писатели.“