| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
„Европа во сепија“ е збирка есеи на познатата хрватска книжевничка Дубравка Угрешиќ. Триесетина есеи во кои авторката секогаш поаѓа од некое сопствено искуство, скица, настан, сеќавање, односи, но првенствено од емоциите. Автобиографски и дневнички записи што се протегаат низ целиот свет – Њујорк, Хонг Конг, Бали, Амстердам, Загреб – и со црнохуморен тоналитет го разоткриваат апсурдот на современиот живот! Прислушувајќи што зборуваат луѓето во бистроата, на книжевните трибини; опишува средби, многу тажни, но и смешни ситуации. Всушност, најчесто истовремено смешни и тажни.
Потребен е странец за да видиме колку е мрачен овој свет, а Дубравка Угрешиќ е тој странец. Нејзиното пишување е грациозно и страсно, но ги задржува необичноста и хуморот што го прават бескрајно интригантно. Скалпелот на Угрешиќ засекува премногу длабоко во најболните општествени теми.
Дубравка Угрешиќ е добитник на наградата „Жан Амери“ за исклучителни достигнувања во областа на есеистиката во 2012 година, а следната година од своите есеи ја составува оваа книга.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам