| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
„Книгата изобилува со применливи техники и активности што им овозможуваат на родителите непосредна позитивна интеракција и комуникација со децата и нивно мотивирање за позитивни промени“, д-р Олга Мурџева-Шкариќ, доктор на психолошки науки. „Често на моите клиенти им велам дека треба да ја развиваат и да ја користат мудроста на родителството. Токму тоа Соња го нуди во својата книга, ги споделува нејзините и научните мудрости на родителството и мајчинството“, проф. д-р Сашо Кочанковски, доктор на психолошки науки и гешталт-терапевт. „Методички практикум со кој авторката се впушта во најенигматичната и најблагородната мисија: ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА. Книга што има футуролошки димензии не само од научен аспект, како практичен труд, туку и од комерцијален аспект, наменета за најширокиот пазар: родители, детски градинки, основни училишта, библиотеки итн.“, проф. д-р Владимир Михајловски, дипл. психолог, дипл. педагог. „Силно емотивно, практично потврдено, применливо, разб
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам