| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Вистински и измислени луѓе и суштества, боси и наредени во долга редица одат кај најдобриот чевлар на светот. Во неговиот дуќан има обувки за сите и никој никогаш не останал бос! Некој веднаш ќе ги најде совршените обувки за себе, друг ќе се реши за обувките за кои долго мечтаел, некој - за оние што му се најудобни, друг ќе избрза, ќе обуе сосем погрешни, па ќе ги собуе... Некој, за жал (или за среќа!) ќе мора да ги обуе последните обувки во дуќанот, што можеби многу ќе му се допаднат, но нема да му бидат точни. Кој е кој? Кој е тој што е пресреќен со преголемите обувки и зошто?
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам