×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Демони

Демони

Фјодор Михајлович Достоевски


Издавач:
ISBN:
Жанр: Книги во најава
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
1 ден.

Колку повеќе го сакам човештвото како целина толку помалку ги сакам луѓето како поединци.

Кога идеологиите стануваат религија, човечкото срце се губи/се губи човечноста. Секој што игра со огнот на апсолутната вистина, го губи својот внатрешен хаос. Достоевски го навести распадот на моралните вредности уште пред да се случи. Во овој свој раскошен роман тој кажува сè за чумата на материјалистичката идеологија што видел како ја заразува неговата земја уште пред да се случи. „Демони“ е пророчки и свиреп запис на идеологијата што го запоседнува светот.

Метафора за катастрофалните последици на политичкиот и моралниот нихилизам. Претчувство за опасноста од радикалните идеологии што го потресле 20 век и се прелеаја и во овој наш век. Сомнежи и стравови облагородени во роман што стана еден од најзначајните во светот.

Николај Ставрогин, благородник и поранешен офицер, се враќа во родниот провинциски град. Човек кој не може да се успокои никаде, ниту да се врзе со некаква идеја, со својата харизма ги привлекува сите што ќе го сретнат, па остануваат заслепени од неговите идеи. За време на престојот во градот се случуваат драматични настани, зашто сите се опседнати со демони од различни идеологии, од атеистички социјализам до религиозно суеверие. „Демони“ не се само предвесник за својот век туку за темнината што постои во секој човек. Идеите што не се вкоренети во човечкото срце се демоните што уништуваат сè околу себе.

„Долго време верувавме дека Маркс е пророк на 20 век. Откриваме дека вистинскиот пророк бил Достоевски. Тој ги претскажа режимот на Големиот инквизитор и триумфот на моќта над правдата.“ Албер Ками

„Достоевски е единствениот психолог од кого имав што да научам.“ Фридрих Ниче

Фјодор Михајлович Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски (1821-1881) е еден од најзначајните автори во руската и светската книжевност, втемелувач на психолошкиот роман, зачетник на егзистенцијализмот. Психолошкото проникнување во најмрачните длабочини на човечкото срце и критиката кон општествениот живот, заедно со многуте просветлувачки моменти, извршиле големо влијание за придвижување на светската литература кон нов правец. Многу теоретичари, вклучувајќи го и самиот Фројд, го сметале за зачетник на психолошката теорија и анализа.

Роден е во Москва, во богато семејство. Неговите родители го образовале уште од најмала возраст. Кога имал три години, неговата негувателка Алена Фроловна веќе му читала херојски приказни, легенди и бајки, што ја прави клучна фигура во развивање на неговата љубов кон литературата. Средното образование го стекнал во приватен пансион во Москва. По смртта на мајка му, со брат му Михаил биле пратени на Воената академија во Санкт Петербург, кога во меѓувреме починал и татко им. Воената академија никогаш не ја засакал, повеќе ѝ се посветил на книжевноста и ги запоставувал другите науки. Во овој период превел едно од најпознатите дела на Оноре де Балзак, „Евгенија Гранде“, и објавувал во списанието на брат му, „Епоха“. Но сепак успеал да ја заврши Академијата и во 1843 ја започнал воената служба како офицер.

Во 1846 година го објавил романот „Бедни луѓе“, за кој добил одлични критики. Книжевниот критичар Висарион Белински рекол дека се родил новиот Гогољ. Тоа било време кога Достоевски почнал да ги развива своите револуционерни политички ставови и да членува во кружокот на Белински, поради што неколупати бил апсен, а еднаш и помилуван од смртна казна и пратен во работнички логор во Сибир. Таму доживеал пресврт – ги прифатил традиционалните руски вредности, станал христијанин и голем противник на филозофијата на нихилизмот. Тогаш ја запознал Марија Димитриевна Исаева, вдовица на свој пријател од Сибир, со која се оженил. Нејзината смрт и смртта на брат му, во 1864 година, како и лошата финансиска состојба, го довеле до депресија. Често губел пари на коцка и се задолжувал. За да ги исплати долговите, во тој период за рекордно време ја напишал „Злосторство и казна“. Потоа и книгата „Коцкар“, за да го исполни договорот со своите издавачи.

Кога се вратил од патувањето низ Западна Европа, царот Александар II го повикал да чита извадоци од неговите дела и да ги подучува неговите двајца синови.

Последниот период од животот му бил најплоден. Тогаш ги напишал и ги објавил „Понижени и навредени“, „Записи од подземјето“, „Идиот“, „Бесови“, „Кротка“ и др. „Записи од подземјето“ се смета за прва егзистенцијалистичка книга што повлекува други ремек-дела во светската литература, како „Странецот“ од Ками или „Чекајќи го Годо“ од Бекет. Последен роман му е „Браќа Карамазови“, објавуван во продолженија во списанието „Руски весник“ во текот на 1879 и 1880 година, кој се смета за круна на неговото творештво.

Починал во 1881 година, од крвавење предизвикано од епилептичен напад. На неговото последно испраќање присуствувале околу 40.000 луѓе, почест што им била оддавана единствено на телата на руските цареви. Повеќето биле млади и студенти, кои го претвориле погребот во своевидна демонстрација против царизмот. 

Види повеќе