×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Леон во Стаклената Гора

Леон во Стаклената Гора


Издавач: Македоника Литера
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2024
Број на страници: 146
Автор: Жарко Милениќ
ISBN: 9786082522173
Жанр: 11 – 13
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
250 ден.

Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интере­сира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични лико­ви, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен... Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри...

Авантурите на волшебникот Леон од „Леон, ученикот на волшебникот“ продолжуваат во оваа втора книга. Во оваа втора книга добриот мал волшебник оди во Стаклената Гора за да ги спаси затворените жители на Селанија – претворени во Стакленци. На своето патување тој минува низ необични кралства и земји: Арболија, Ликија, Транија, Лонија... и среќа­ва подеднакво необични и интересни ликови... Фантастична приказна за деца и за оние кои сè уште се во срцето.

Можеби ќе ве интересира