| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
На околу 112 километри од Скопје се наоѓа селото Галичник. Во минатото Галичник бил најголемо село во Реканскиот Регион, а своевремено бил прогласен за гратче. Со близу 5.000 жители во 1905 година тој имал големо економско значење за сите околни села и пошироко. Со својата историја од речиси илјада години, Галичник е значаен за Македонија од повеќе аспекти. Значајни се архитектурата, обичаите, фолклорот, песните, носијата и др. Затоа во 1975 година било донесено решение со кое Галичник бил прогласен за споменик на културата, заради рурално-архитектонските, уметничките, научните и други вредности и заради значењето за историјата и културата на македонскиот народ.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам