| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Авторката ги предочува темелните аспекти на идентитетот на македонскиот народ, ги посочува теоретските основи, реалните историски процеси, актуелните национални и геополитички состојби и процеси и влијанија, проблемите со несоодветните термини во идентитетските определби и потребата од општествената грижа за зачувување и афирмација на идентитетските обележја на македонскиот народ. Кепеска пишува и за некои разлики кон приодите кон македонските идентитетски прашања од аспект на филологијата, историјата, етнологијата и филозофијата.
Книгата е поделена на пет поглавја: Политичкиот идентитет на македонскиот народ, Македонската култура како идентитет, Македонскиот литературен јазик како идентитет на македонскиот народ, Општествениот развој како претпоставка за македонската идентификација и Аспекти од светскиот развој поврзани со нас. Меѓу другото, таа пишува и на следните теми: раната македонска идентификација; природно-правниот приод кон македонската нација; значењето на асномските одлуки за македонскиот политички идентитет; ограничувањата на Преспанската спогодба во однос на македонскиот политички идентитет; мултикултурното општество и мултиетничката држава; стратегијата за македонското национално прашање; релативизирање на македонскиот карактер на државата; ставовите на македонскиот народ спрема Македонците во соседните земји; новиот обид да се наметне заедничка историја со Бугарите; македонството; македонската култура како столб на идентитетот; македонскиот литературен јазик како суштински елемент на националниот идентитет; општествениот развој како предуслов за македонска идентификација, глобалните случувања и нивните импликации за македонското прашање итн.
Општо земено, „Македонски идентитетски пршања“ претставува широк интелектуален придонес во проучувањето на македонскиот идентитет, комбинирајќи филозофска рефлексија, социолошко-политичка анализа, историска интерпретација и јавна релевантност.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам