×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мечка се жени

Мечка се жени

Бистра Георгиева


Издавач: Паблишер
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Број на страници: 28
Возраст: 4-6 години
Димензија: 23 х 23 cm
Автор: Бистра Георгиева
ISBN: 9786085021376
Жанр: Стела и Сани
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
250 ден.

Кога врне дожд и грее сонце, Мечка се жени!

Ама оваа Мечка не сака да се жени.

Ќе има ли на крајот свадба?

Одговорот е помеѓу страниците на оваа сликовница!

Бистра Георгиева

Бистра Георгиева

Бистра Георгиева е социолог, го завршува престижниот Европски филмски колеџ во Данска и на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања магистрира комуникација.

Таа има долгогодишно менаџерско и креативно искуство во доменот на културата, филмот, пишувањето, организирање фестивали и јавни настани. Нејзината експертиза е во доменот на комуникациски и културни политики. Георгиева има значително искуство во граѓанскиот сектор и во медиумите, работејќи на големи проекти за антидискриминација, мултимедијални платформи за деца итн.

Работела повеќе од шест години за најпознатата македонска детска ТВ емисија и едукативна платформа „Пет плус“ како проект менаџер, развој на содржини, супервизор и сценарист.

Георгиева беше и главен уредник во популарната сатирична емисија „Фчерашни новости“, а од 2018 до 2020 година беше раководител на МЕДИА Деск МК, претставувајќи ја програмата „Креативна Европа МЕДИА“ во Северна Македонија.

Во текот на својата кариера Георгиева работи и како асистент во режија на голем број филмски серии и реклами, а ја иницираше програмата „Кино Будење“ со цел да го подигне нивото на културна партиципација и да ја поддржи промоцијата на високо-квалитетните филмови.

Бистра е пистаел за деца што и донесе огромен успех ширум светот. Нејзината сликовница „The Giant imagination store“ – соработка со реномираната шпанска илустраторка Моника Каретеро, беше објавена на шпански и каталонски јазик во Шпанија, Латинска Америка и САД. Автор е на десет едукативни сликовници од брендот „Стела и Сани“ и на првата сликовница во Македонија пишувана заедно со 34 деца како ко-автори „Хотелот Попитоп“.

Има добиено повеќе награди кои ги доделува македонската асоцијација на издавачи:

Прво место за најдобра книга за деца и млади за сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ -2019

Трето место за најдобра книга за деца за „Мистериозниот остров“ 2022

Прво место за најдобра книга за деца и трето место за најкреативно издание за „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ 2023

Од 2023-та година станува член на советот на Европскиот филмски колеџ во Данска.

Види повеќе