×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Век со Конески, мигови со Блаже

Век со Конески, мигови со Блаже

Владимир Мартиновски


Издавач: Бегемот
Автор: Владимир Мартиновски
ISBN: 9786084869740
Жанр: Монографии
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
500 ден.

Збирката есеи „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски е значаен влог во компаративното проучување и толкување на поезијата на Блаже Конески. Водејќи грижа и за теориските ставови на Конески, изнесени во неговите есеи, авторот Мартиновски врз анализата на поетскиот опус на доајенот на современата македонска поезија ги применил трите основни модели на компаратистичките истражувања, зацртани од еминентниот компаратист Зоран Константиновиќ: генетско-контактните врски, типолошките аналогии и интердисциплинарните поврзувања.

Владимир Мартиновски

Владимир Мартиновски

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Автор е на книжевно-теориските студии: „Од слика до песна – интерференции меѓу современата македонска поезија и ликовните уметности“ (2003), „Споредбени триптиси“ (2007), „Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија“ (2009), „Споредбени диптиси“ (2011), „Зоон поетикон – аспекти на современата македонска поезија“ (2013), „Narro ergo sum“ (2015), „Поетски (ре)визии“ (2018) и„Далеку, а блиску – македонско-јапонски книжевни врски“ (2020). Автор е на книгите поезија: „Морска месечина“ (хаику и танка, 2003), „Скриени песни“ (хаику, 2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (хаику, 2006), „Квартети за читање, гледање, пеење и слушање“ (2010), „Побрзај и почекај / Harry up and Wait“ (песни во проза, 2011), „Пред и по танцот“ (2012), „Вистинска вода“ (2014), „Внатрешни планини“ (2016) и „Сонувани и будни песни / Dream and Awake Poems“ (2017) и “101 сонет од една чудна пролет“ (2020). Објавил три книги хаибуни: „Ехо од бранови“ (2009), „Мачка во магла“ (2016) и „Небо без ѕвезди“ (2016). Автор е и на книгата раскази „Зооатории“ (2019), како и на две стихозбирки за деца: „Dum spiro spero / Дур дишам се надевам“ (2019) и „Шах со Бах“ (2020). Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди: „Нова Македонија“ (2009), „Браќа Миладиновци“ на СВП (2010), „Димитар Митрев“ (2013), „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014), „Антеов златник“ (2020), „Лирата на Орфеј“ (2020). Бил член на редакцијата на македонското специјализирано списание за хаику „Мравка“. Според неговата хаику-поезија компонирал музика Михајло Трандафиловски.

Види повеќе