Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Можете ли да го откриете убиецот?
На дополнителна настава како казна затоа што носеле мобилни телефони на часот се повикани петмина ученици: паметната и вредна Бронвин која треба да го продолжи школувањето на Јејл; Ади, типична убавица и совршена девојка на Џејк; Купер, играч на бејзбол со голема спортска кариера на повидик; младиот престапник Нејт кој е на условна казна и Сајмон, одметник и основач на блог во кој ги открива тајните на своите соученици. Но кога од училницата живи ќе излезат само четворица, се отвора кругот на присилни пријателства, тајни и разоткривања – сѐ со цел да се пронајде убиецот на Сајмон.
Наивната приказна се претвора во застрашувачки и напнат трилер. Тркалото на вистината полека се врти – соочување со сопствените стравови, храброст да се признае личната вина и да се открие чуваната тајна под притисокот на созревањето.
Сите кријат нешто од очите на јавноста. Прашање е на што сѐ е подготвен секој од нив за да ја сочува сопствената тајна.
„Неверојатните пресврти и исклучителните ликови придонесуваат за возбудлива авантура која ќе ја проголтате во еден здив.“ – Гардијан
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам