Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Многу често во хартијата се крие лекот. Понекогаш дури и за нешта за кои човек не ни знае дека му треба лек. Книжарот Карл Колхоф секоја вечер тргнува по живописните улички на градот за да ги однесе нарачаните книги во домовите на своите најверни читачи. Нивното пријателство е посебно – за него тие се како омилените литературни херои, а за нив тој е незаменлива врска со светот.
Но кога стариот сопственик на книжарницата умира, неговата наследничка го укинува таквиот „старомоден“ начин на работа и Книгошетачот ја губи најголемата радост во животот. Единствено смелоста на едно деветгодишно девојче може да ги охрабри Карл и неговите клиенти одново да го откријат патот еден кон друг и кон моќта на зборот.
Трогателна приказна за она што нè сплотува, проникната со љубов и верба во луѓето. Роман за моќта на пишаниот збор и за она што го прави незаменлив чудесниот свет на книгите.
„Топла приказна што ќе ве освои и ќе ви вдахне доверба. Токму она што е потребно секому кој знае колку важна може да биде една добра книга.“ „Бригите“
Карстен Себастијан Хен е современ германски раскажувач, новинар и познавач на вината, автор на дваесетина бестселери. Роден е на 29 октомври 1973 година, во Хирт, близу Келн. Интересен податок за него е дека е министер за гозби, пиење и сите други форми на кулинарско задоволство на микронацијата Ладонија.
Средното образование го завршил во гимназијата „Алберт Швајцер“ во 1993 година, а потоа студирал на Универзитетот во Келн. По завршувањето на магистерските студии по етнологија, социологија и географија, во 1997 година се запишал на студии по етнологија и лозарство во Аделаида, Австралија. До 2008 година бил вработен во управата на својот роден град Хирт, а оттогаш му се посветил на пишувањето и својата новинарска кариера.
Како слободен вински новинар, Хен пишува за домашни и меѓународни списанија и член е на жирија за неколку награди за вино. Од 2013 година работи како ресторански критичар за весникот „Келнер штат-анцајгер“. Од 2018 г. е главен уредник на винското списание „Винум“.
Карстен Хен пишува раскази и романи, главно криминалистички и на тема вино и кујна. Во 1996 година бил најмладиот автор застапен во антологијата „Јунгер Вестен“, која дава преглед на современата германска литература на Северна Рајна-Вестфалија. Во 2002 г. го издава „Ин вино веритас“, првиот том од „кулинарско-винофилски“ криминалистички циклус за главниот готвач Јулиус Ајхендорф од долинатата Ар, кој работи и како детектив. До 2014 г. седумте тома од овој негов серијал се објавени и како аудиокниги. Во 2007 објавува збирка од 23 кратки криминално-кулинарски приказни, а во 2008 година го започнува вториот криминалистички серијал „Смрт од тартуфи“.
По објавувањето во 2020 година, „Човекот кој шета книги“ е постојано меѓу најпродаваните романи во Европа. Тој допрва го освојува светот со својата книжевна постапка и универзалната порака за вистинските човечки вредности.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам