×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Прекрасен свету, каде си

Прекрасен свету, каде си

Сали Руни


Издавач: ТРИ
Автор: Сали Руни
ISBN: 9786082308661
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
500 ден.

Емоционална драма што се чита во еден здив

Ретки се длабоките пријателства како она на младата романсиерка Алис и Ејлин, уредничка во книжевно списание во Даблин. Нивните семејни и љубовни врски се полни со подеми и падови, страст и очај, нежност и навреди, целосна близина и недоречености. Нивната преписка покажува длабоко разбирање и на минатите случувања и на современите луѓе – како се чувствуваат, како и за што размислуваат. Тие се растргнати меѓу глобалните и интимните проблеми, градејќи ставови врз основа на сериозни анализи, но честопати и од непроверени информации на Интернет.

Алис и Феликс, Ејлин и Сајмон – две љубовни двојки кои се привлекуваат и одбиваат, се зближуваат и оддалечуваат. Загрижени за своите животи, за времето што ги гази, за случувањата во семејствата и светот... што преживуваат зад затворените врати на своите соби? Наоѓаат ли начин да веруваат дека овој свет – единствениот што го имаме – е навистина прекрасен? Сали Руни со оваа книга создава уметност додека сè друго се распаѓа.

„Филозофска и романтична трагикомедија за начините на кои луѓето се сакаат и се повредуваат меѓусебно.“

Киркус ривју

„Сали Руни создаде свој личен стил. Сончев и остар.“

Вог

Сали Руни

Сали Руни

Сали Руни е современа ирска романсиерка, раскажувачка, поетеса и есеистичарка која се смета за една од најценетите автори од генерацијата на милениумците. Досега има објавено три романи, кои наидоа на одлични критики, често се препорачувани во клубовите на читатели низ светот и се преведени на повеќе јазици – „Разговори со пријателите“ (2017), „Нормални луѓе“ (2018) и „Прекрасен свету, каде си“ (2021). Објавува поезија, раскази и есеи во периодиката.

Сали Руни е родена на 20 февруари 1991 година, во Кастелбар, Ирска, каде што живее и денес. Татко ѝ работел во телефонска компанија, а мајка ѝ во дом за култура. За време на студиите живеела во Даблин и стажирала во Њујорк. Студирала англиски јазик на Колеџот „Тринити“ во Даблин. Магистерските студии ги започнала во областа на политиката, но сепак се насочила кон американската литература и дипломирала во 2013 година. Како студент била страстен приврзник на марксизмот, а исто така била позната по своите ораторски вештини. На Европскиот натпревар за говорништво била прогласена за најдобар говорник.

Својот прв роман го напишала на 15 години, но сериозно со пишување започнала да се занимава во 2014 година. Додека се подготвувала за магистерскиот испит, ја пишувала „Разговори со пријателите“ и ја завршила за три месеци. По нејзиното објавување станала и уредник на списанието „Стингиг флај“, во кое како средношколка за првпат објавила две песни.

Со „Нормални луѓе“ во јули 2018 била номинирана за „Мен Букер прајз“, а победила на „Ајриш бук авардс“ и за ирски роман на годината. Ја добила и наградата на „Сандеј тајмс“ за млад писател на годината. Книгата е преведена на повеќе од 46 јазици и е адаптирана во серија во жанрот романтична психолошка драма, во продукција на „Елемент пикчерс“ и „Хулу“.

Добитничка е на наградите „Коста“, „Вотерстоунс“ за книга на годината, била во најтесен избор за наградата „Дилан Томас“ и Женската награда за фикција. Во 2018 била во поширокиот избор за Букеровата награда.

Види повеќе