×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мачорот што ги спаси книгите

Мачорот што ги спаси книгите

Сосуке Нацукава


Издавач: ТРИ
Автор: Сосуке Нацукава
ISBN: 9786082308692
Жанр: Бестселери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
340 ден.

Дедо ми отсекогаш велеше дека книгите поседуваат безмерна моќ.

Која е вистинската моќ на книгите? Повлеченото момче Ринтаро ќе го открие тоа сосем неочекувано, соочено со загубата на нештата што му значеле најмногу во животот.

Ринтаро се чувствува свој само меѓу книгите на дедо му, кои се негово прибежиште. Но откако дедо му ќе почине, тој ќе мора да ја продаде книжарницата во која поминал многу среќни часови во читање и да се пресели кај една далечна роднина. Меѓутоа еден необичен посетител од корен ќе му го промени животот. Тигар Пругавиот, мачорот кој умее да зборува, бара помош од Ринтаро за спасување на книгите. Оваа мисија ги носи на необично патување на кое запознаваат чуди луѓе и добиваат најразлични задачи. Минувајќи низ лавиринтите, на крајот доаѓаат до последниот и најтешкиот предизвик – оној кој од Ринтаро бара огромна храброст...

Необичен мачор, младешка љубов, волшебни книги и возбудливи авантури...Роман што ја враќа вербата во добрината, во кој ќе се пронајде секој читател.

„Волшебна приказна што нè повикува да уживаме во читањето и ни открива нови светови што ги држиме в раце додека ги листаме и мирисаме печатените страници и ја допираме шушкавата хартија.“

Џапан тајмс

Сосуке Нацукава

Сосуке Нацукава

Сосуке Нацукава е јапонски лекар и писател кој постигна голем успех уште со своето појавување на литературната сцена. За своите дела има добиено неколку престижни книжевни награди, а преведени се на триесетина јазици.

Сосуке Нацукава е роден во 1979 година, во префектурата Осака. Завршил медицина на Универзитетот „Шиншу“ и работи како лекар во префектурата Нагано, каде што и живее.

Неговиот повеќетомен дебитантски роман „Клиничка слика“ („Kamisama no Karute“) е издаден во 2009 година. Ја добива наградата на „Шогакукан“ за најдобар роман и е втора најпродавана книга таа година. Продаден е во над три милиони примероци и според него е снимен успешен филм.  

Вториот роман на Нацукава, „Мачорот кој ги спаси книгите“, е објавен во 2017 година и наидува на уште поголем интерес, па наскоро е преведен на триесетина светски јазици. Универзалните теми, магичниот реализам и улогата на мачката во јапонската култура побудуваат голем интерес и се актуелни книжевни теми и во останатиот дел од светот. Затоа овој бестселер на Нацукава е една од најчитаните и најбараните книги во последните години, препорачувана и од критичарите и од читателите. Освен неодминливите теми за моќта на пријателството и охрабрувањето да се излезе од осаменоста, оваа приказна има волшебно дејство врз сите вљубеници во книгите, за кои тие се многу повеќе од обични зборови испечатени на хартија. Нацукава восхитува со своите богати литературни познавања, но и со смелоста отворено да го каже она од кое не страдаат само книгите туку и загрозениот духовен свет во современото општество.

Следејќи го примерот на големите современи јапонски автори, Нацукава со сопствената автентичност остава свој белег во современата јапонска литература.

Види повеќе