Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Како и во својот прв роман Животот на Пи кој стана светски бестселер канадскиот писател Јан Мартел во својот нов роман Беатриче и Вергилиј ја употребува алегоријата како книжевна техника и им го „позајмува“ гласот на животните кои стануваат главни ликови во неговите приказни.
Во Беатриче и Вергилиј Мартел зборува за една од наjголемите трауми во дваесеттиот век преку една метафорична интимна и едноставно раскажана приказна. Романот започнува кога еден млад писател чија биографија неверојатно потсетува на биографијата на самиот Мартел почнува да добива мистериозни писма кои содржат раскази и драми напишани од непознат писател а кои раскажуваат приказна за две животни: мајмунот Вергилиј и магарето Беатриче. Како што тече романот читателот полека насетува што се крие зад алегориите и метафорите за да стигне на крајот до шокантните последни страници...
„Беатриче и Вергилиј ја поседува онаа едноставна книжевна убавина и мистериозност како и Животот на Пи. И повторно зборува за тешки теми и важни прашања на еден непретенциозен, но суштински начин.“ Њујорк тајмс
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам