| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Хенри Кисинџер ја напишал Обновен свет со цел да се објасни и разбере еден од најдраматичните периоди во историјата, периодот кога Европа од политички хаос се здобила со балансиран мир што траел речиси сто години.
По падот на Наполеон, европските дипломати се собрале во Виена со цел да ја повратат стабилноста по Француската револуција, Наполеонските војни и распадот на Светото Римско Царство. Централни фигури на Виенскиот Конгрес биле секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Каслреј и министерот за надворешни работи на Австрија, Метерних. Каслреј пред сè бил засегнат со одржување на балансот на силите, додека пак Метерних ја поставувал својата дипломатија врз основа на идејата за легитимитет, односно воспоставување и работење со влади прифатени од граѓаните без употреба на сила. По овој конгрес, мирот што следувал траел сè до почетокот на Првата светска војна.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам