×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Чест

Чест

Елиф Шафак


Издавач: ТРИ
Автор: Елиф Шафак
ISBN: 9786082302317
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
450 ден.

Две сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквотери бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта. Заробено во стегите на минатото и традицијата целото семејство е неповратно урнисано поради едно морничаво злосторство – убиство од чест.
Возбудлива драма исткаена од бремето на минатото и безвремените морални дилеми. Низ богатата палета од ликови Шафак ги истражува судирот меѓу традицијата и современоста другоста во западното општество како и човековото право на слобода и љубов.

 „Мајсторски исткаен роман... со шекспировски заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“. Индипендент

 „Шафак е храбра писателка... Ова е моќен роман... што провокативно ги разоткрива најмрачните аспекти на верата и љубовта“. Телеграф

Елиф Шафак- Најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена

Нема доволно зборови и место за да се каже сè што може за оваа современа турска авторка. За нејзината големина и важност најдобро зборуваат нејзините дела. Преведени на повеќе од 40 светски јазици, македонската публика ја има честа да ја држи в рака третата нејзина книга на македонски. Силни женски ликови, црн хумор, космополитизам и мултикултурализам, преплетување на Истокот и Западот, се само некои од карактеристиките на нејзиното писмо. 

 

Елиф Шафак

Елиф Шафак

Види повеќе