Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Мисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес. Хил посветува цели 25 години со намера да ја открие тајната за стекнување на богатство и да одговори на прашањето Што е она што те прави победник? Резултат на истражувањето на карактеристиките и особеностите на преку 40 милијардери, Хил развива 13 принципи во форма на филозофија за личен развој и успех. Книгата се темели на тврдењето дека секоја индивидуа која има желба, верба и истрајност, може да стигне до зацртаната цел без разлика колку недостижно и да изгледа. Ако можеме да научиме да мислиме како милијардер, тогаш може и да почнеме да се однесуваме така, и на крајот да станеме еден од нив. Нарекувајќи ја „најдобрата формула за успехот“, оваа книга е досега продадена во повеќе од 70 милиони примероци. Следејќи ги овие правила и совети, успехот во бизнисот но и во секоја друга сфера од животот станува извесен. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес! Во текот на изминатите дваесет и пет години уживам во среќа и благосостојба повеќе отколку што заслужува секој човек, но ме полазуваат морници кога ќе си помислам каде би бил денес и што би правел да не дојдев во допир со филозофијата на Наполеон Хил. Тоа ми го смени животот. Ог Мандино, Најголемиот трговец на светот
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам