| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Сликовницата „шарен детски свет“ е збирка на 13 наслови, илустрирани драмски текстови, наменети за деца од предучилишна и рана училишна возраст, но и за воспитувачите, наставниcите и родителите. Во овие 13 драматизирани настани се испреплетуваат дијалози и разговори на јазик близок на децата. Ликовите на овие сcени им се блиски на децата. Тоа се ликови од околината, семејството, од животинскиот и растителниот свет. Покрај забавниот, драмските текстови имаат и едукативен карактер. Овие илустрирани драмски текстови придонесуваат да се поттикне имагинативната детска игра, многу значајна во правилниот развој на детската личност.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам