| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Збирката раскази „Книга за џунглата“ е издадена во 1894 година и веднаш доживува огромен успех и популарност кај децата и возрасните во Англија, Индија и остатокот од светот. Уште од првото издание при крајот на 19 век, книгата е преведена на многу јазици и адаптирана во најразлични цртани и играни филмови. Централните приказни се однесуваат на момчето Могли и неговите авантури во џунглата. Тој е посвоен од глутница волци, соработува со големиот питон Каа, се бори со мајмуните и страшниот куц тигар Шир-Кан и попатно го учи Законот на џунглата од своите ментори – стариот и мудар мечок Балу и итриот црн пантер Багира. Но, Могли не е единствениот лик во „Книга за џунглата“. Во многубројните раскази можеме да ги прочитаме и приказните на мунгосот Рики-тики-тави, белиот морски лав Котик, Тумај-слоноводачот и воената бригада сочинета од камили, мазги, биволи, коњи и слонови, кои ги раскажуваат сопствените воени приказни. „Книга за џунглата“ и денес го буди интересот како на децата, така и на возрасните читатели, затоа што е вистински пример за мајсторски остварено книжевно дело.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам