Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Моќта на самодовербата е неверојатна книга што ви дава бесценети совети и конкретни насоки за себеразвивање преку зацврстување на самодовербата. На тој начин, таа ви ја отвора вратата кон еден поисполнет и порадосен живот. Брајан Трејси, најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба, несебично споделува со нас повеќе практично докажани техники за
развивање на самодовербата, која е клучна за постигнување на успех и среќа.
Самодовербата е способност да се осмелите да ги преземете потребните ризици без гаранција дека ќе успеете. Добрата работа е што и таа, како и секоја друга особина или вештина, може да се развива преку редовни вежби за развој во секоја област од животот.
Што би направиле денес доколку знаете дека исходот ви е загарантиран? Би го договориле состанокот? Би ја поканиле личноста што ви се допаѓа да излезете? Би го склучиле договорот? Секако! Ако зрачите со самодоверба, вие би го постигнале посакуваниот резултат и биле побрзи, поефикасни во работата и би влијаеле позитивно и врз другите луѓе.
Оваа книга ќе ви помогне да ја разберете моќта на самодовербата, да дознаете како да ја примените кај себе и кај другите и да уживате во плодовите што таа ќе ви ги донесе!
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам