×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Авантурите на Артур Гордон Пим

Авантурите на Артур Гордон Пим

Едгар Алан По


Издавач: Просветно дело
Автор: Едгар Алан По
ISBN: 53101890110635
Жанр: Лектирни изданија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
200 ден.

Во делото се раскажува приказната за младиот авантурист Артур Пим, кој своеволно се качува на бродот Грампус и отпловува со непознат екипаж. Ненадејно, се случува бунт во екипажот, па затоа Пим бил принуден првите четири дена да ги помине засолнувајќи се во подрумските делови на бродот, Неговиот пријател Август е единствениот негов познаник од екипажот, додека таткото на Август бил соборениот капетан. Под неверојатен сплет на околности, на крајот само Гордон Пим и еден од морнарите , Дирк Питерс, останале живи. Кога се чинело дека и тие ќе умреле од глад, случајно поминала една истражувачка експедиција, која се покажала спасоносна за нив. Артур Пим и Питерс се приклучиле на експедицјата која се обидувала да стигне до најодалечената точка на Јужниот Пол. Фабулата нејасно завршува додека целата екипа трагала по зацртаната цел . Изданието е лектира за четврта година средно образование.

Едгар Алан По

Едгар Алан По

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира