×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Барселона блуз

Барселона блуз

Франсеск Миралјес


Издавач: ТРИ
Автор: Франсеск Миралјес
ISBN: 9786082303222
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
250 ден.

Франсеск Миралјес е еден од авторите чии книги погодуваат вистински во срцевината на нештата – бидејќи најголемите приказни се раскажани со едноставни зборови.  Рикардо Боиш поранешен музичар и уредувач на инспиративна литература се обидува да го пронајде своето место под сонцето во Барселона на 21 век. Борејќи се со секојдневниот живот наидува на еден куп препреки: работна блокада бунтовна ќерка реченици без смисла непријателски настроено куче неразбирливи и недофатливи жени депресивни писатели празен стан каприциозна бивша жена и врв на сè – еден куп прашања! Исто како и блузот и животот и ова четиво е неповторливо разиграно непостојано подложно на импровизации изненадувања и забава!

 

     

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес е современ шпански писател и музичар. Роден е во 1968 година, во Барселона. Откако завршил германистика, уредувал и превел низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и статии.

Негови најзначајни дела се: „Зимска книга“, „Хаику за Алисија“ (награда „Ангулар“), „Барселона блуз“, „Летен курс во Ирска“, „Интерреил“ (награда „Колумна хове“ во 2006 година), „Разговор за среќата“, „Љубов со мали букви“, „Најубавото место на светот е тука“, „Ваби саби“ „Посакувам да си тука“.

Блиска тема му е и јапонската древна умешност и начин на живот, па заедно со Ектор Гарсија објавуваат три книги поинакви од романите што ги пишува. „Икигаи“ ги открива тајните на јапонската долговечност, а „Ичиго-ичие“ ја раскажува приказната за јапонската практика на целосно живеење во секој миг, а неодамна, во 2022 година се прославија со уште еден заеднички наслов „Намасте“, посветени на индискиот пат кон среќата, задоволството и успехот.

Миралјес има и свои музички албуми. А интересно е дека научил да свири пијано додека работел во едно кафуле.

Денес се смета за еден од најпознатите современи шпански автори.

Види повеќе