Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Четворица книжевни критичари од Европа тргнуваат во потрага по исчезнатиот германски писател Бено фон Арчимболди ѕвезда на светската книжевност и долгогодишен сериозен кандидат за Нобеловата награда. Нивната потрага по славниот романсиер кој се повлекува од јавниот живот ќе ги одведе до градот Санта Тереса во Мексико каде што одеднаш почнуваат низа мистериозни убиства на жени. Откако судбините на ликовите се преплетуваат во петте дела на романот се чини дека меѓу серискиот убиец во пустинскиот мексикански град и славниот германски писател постои неочекувана иако не сосем сигурна врска.
Романот 2666 е напишан со едноставен а возбудлив јазик кој веднаш го плени читателот. Такво е и дејството, кое се развива во повеќе меѓусебно преплетени приказни што нема да ви дозволат да ја испуштите книгата од раце. Роберто Болањо веројатно е најзначајниот латиноамерикански писател по Маркес, а познат е како автор кој му става крај на магичниот реализам.
Негово клучно дело е токму гигантскиот роман 2666, кој не може да се дефинира и опише преку традиционалните книжевни жанрови и поетики бидејќи е едно од оние ретки оригинални дела кои ја редефинираат теоријата на книжевноста.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам