×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Богатство што не се купува со пари

Богатство што не се купува со пари

Робин Шарма


Издавач: ТРИ
Автор: Робин Шарма
ISBN: 9786082309774
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
600 ден.

Не биди роб на своето минато, туку господар на својата иднина

Револуционерна книга што ја преобликува дефиницијата за успех, за да ни покаже што навистина значи богат и исполнет живот. Следете го примерот на Шарма, зашто богатството со кое ќе го облагородите срцето е многу позначајно од сите материјални работи и од сето она што ќе го ставите во банка.

Вистинското богатство е многу повеќе од брз автомобил или луксузен одмор на егзотични острови. Парите се само еден вид на богатство. Затоа многу луѓе, и покрај финансиските успеси, се исклучително сиромашни кога станува збор за нештата што се навистина важни за животот – среќата, здравјето и спокојството.

Општеството ни продава варијанта на успех што многумина ги остава празни во душата, неостварени и полни со каење. За среќа, постои многу подобар начин на животот.

„Богатството што не се купува со пари“ ќе ви открие систем кој го менува животот и ќе ви помогне да го промените од корен пред да биде предоцна. Ќе научите дека формулата втемелена врз осумте скриени навики што ги користат вистински богатите луѓе е совршен начин за да ја земете судбината во свои раце.

Отворете ја оваа книга и дозволете човекот кој го најде ќупот со злато копајќи во себе, да ви понуди сознанија што водат до неисцрпен извор на богатство:

  • Како да станете сопствен создавач на добри шанси
  • Дури 90 % од вашата среќа доаѓа од правилно избраниот партнер
  • Секојдневно работете на себенадминување
  • Помагајте им на луѓето, служете во локалната заедница
  • Скриените навики на вистински богатите луѓе се лесно достапни за секој
  • Прифатете ја чудесната идеја да „исчезнете“ една година од лицето на светот...

Неверојатно моќна книга што ќе ви ги прошири хоризонтите. Полна со практични алатки и тактитки за трансформација, таа ви ја открива филозофијата со која конечно ќе ви се насмевне вистинското богатство.

„Робин Шарма е неверојатен ментор. Тој е еден од највлијателните луѓе на денешницата.“

Дипак Чопра

„Ремек-дело. Задолжително треба да го прочитате, доколку посакувате навистина богат живот.“

Џ. Балвин


Робин Шарма

Робин Шарма

Види повеќе