Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, имаат совршен вроден инстинкт за ткаење мрежи. Луѓето, за да преживеат, имаат совршен вроден инстинкт за ткаење приказни – за тоа кои се, што се, од каде доаѓаат и каде одат. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се срж на нашиот живот, столб на нашиот идентитет.
Ова е уникатно издание на избрани есеистички текстови во форма на колумна, запис, беседа, јавно излагање и сеќавање, кои за првпат се објавуваат заедно на македонски јазик, приредени од Иван Додовски. Горан Стефановски ги пишувал и ги објавувал во распон од цели три децении. Сите тие лајтмотивски се проникнуваат градејќи еден хипертекст за идентитетот како клучен, егзистенцијален топос на Стефановски. Кој сум јас, кои сме ние? Кој е другиот, кои се другите? Како да се надминат стереотипите овозможувајќи културни проникнувања во европскиот цивилизациски простор?
Издвојувајќи пет конститутивни македонски одлики, од принципот на парадоксалноста до жилавоста, Горан Стефановски заклучува дека „ниедна култура не може да опстане без точна, снажна и автентична приказна! И не само тоа: културата Е токму таа точна и снажна и автентична приказна.“
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам