| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Летниот распуст на 17-годишната Аби Тарнер не се одвива според нејзините планови. Таа чувствува нескриена наклоност кон нејзиниот најдобар другар Купер. Исто така, не може да се справи со растечката анксиозност на мајка си. Згора на тоа, ја одбиваат да учествува на уметничка изложба затоа што нејзините слики ,,немаат душа". Па, кога добива нова шанса да го претстави своето ликовно творештво, се чини дека Аби ќе ја пропушти и таа можност. Во меѓувреме, на сцената стапува списокот. Себеси си дава период од еден месец за да направи десет нешта, на пример, да се соочи со страв (бр.3), да ислуша приказна на непознат човек (бр.5) ... да се вљуби (бр.8). Аби верува дека ако ги искуси овие нешта - ќе прерасне во уметникот што отсекогаш посакувала да стане. Но, како што наближува крајниот рок, Аби сфаќа дека мисијата не е лесна како што ѝ се чинело и дека, веројатно, не може да ја промени својата уметност ако не е подготвена да се промени себеси.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам