| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер! Запознајте ја Енола Холмс, тинејџерка-детектив и помлада сестра на Шерлок Холмс! Кога Енола ќе открие дека мајка ù е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ѝ го објаснат чудното исчезнување на мајка ѝ. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици? „Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам