Финансиска слобода во 10 чекори: инспирирано од светскиот бестселер „Психологија на парите“
Започни го патот кон финансиската слобода! Како дел од ТРИбина, го организираме првото предавање посветено на финансиите, а за тоа избравме една од највлијателните книги на денешницата – „Психологија на парите“. Придружи се на трибината „Финансиска слобода во 10 чекори“ на 11 ноември, во 18 ч., во Јавна соба. Експертите од „PP Investment Education“ ќе покажат како да размислуваш за парите низ 10 лекции инспирирани од книгата, кои би ти помогнале на патот кон финансиска стабилност и независност.
На ова предавање ќе имаш можност да научиш:
– Како размислувањето за парите влијае врз твоите финансиски одлуки
– Да создаваш здрави навики што ќе те одведат до финансиска стабилност
– Како да го иницираш патот кон долгорочна финансиска независност
– Како психошките аспекти се одразуваат во светот на финансиите…
По предавањето ќе следува дискусија, во која предавачите ќе можат да одговорат на вашите прашања, како и да ви дадат практични совети и решенија за проблемите и пречките со кои се соочувате.
Без разлика дали си на почетокот на твојот пат кон финансиска слобода или бараш нови совети и стратегии, оваа трибина ќе те запознае со практични алатки и јасни чекори за успех.
Влезот е ограничен, а билетите чинат 500 денари. Вклучени се консумација и пригодни подароци.
Не пропуштај ја шансата да започнеш со градење на својата финансиска слобода!
PP Investment Education
PP Investment Education е проект наменет за подигање на свеста за инвестирање и за поддршка на индивидуалните инвеститори при започнување со долгорочни инвестициски патувања.
Идејата за проектот и неговата успешна реализација ја овозможија Владимир Поповски и Дамјан Пановски, двајца долгогодишни пријатели и посветени инвеститори кои своето знаење и умешност, благодарение на богатото меѓународно искуство во различни сектори, ги трансформираат во лекции и совети што на новите инвеститори им помагаат да ги остварат своите планови.
Владимир Поповски е економист по едукација, а повеќе од 10 години работи во бизнис-сферата и во светот на инвестициите. Поголемиот дел од професионалното искуство го има стекнато надвор од Македонија – во Стокхолм и Виена, а последните седум години во Доха, Катар. Неговиот основен професионален фокус е насочен кон консалтингот, што подразбира соработка со најголемите институционални фондови при нивните аквизиции на комерцијални недвижности низ проекти во Европската Унија, советувајќи ги при трансакции во висина од 50 милиони долари, па нагоре.
Дамјан Пановски е исто така економист кој својата кариера ја започнал во сферата на енергетиката, како трговец со електрична енергија во Софија, и во областа тргување со јаглеродни сертификати на берзата во Лондон. Од пред пет години, Дамјан е целосно посветен исклучиво на портфолио менаџмент и управување на сопственото портфолио. Ова му носи голем успех како долгорочен Value Investor. Острото око на Дамјан за берзанските пазари довело до избор на акции кои генерирале приходи од 6x до 25x.
Настапувајќи заедно како PP Investment Education, Владимир и Дамјан се на пат кон остварување на своите амбициозни планови, а преку нив и кон отворање плодна почва за новите инвеститори.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам