×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ГОЛЕМА ПРОЛЕТНА РАСПРОДАЖБА

ГОЛЕМА ПРОЛЕТНА РАСПРОДАЖБА

Пролетта е на прагот! Време е за разлистување и вртење (нови) страници. На 15.3. (сабота), искористи ја единствената шанса да си ги обезбедиш ретките изданија на ТРИ, кои се криеле на најнедофатливите полици.

Со почеток од 9 часот, пред книжарницата на ТРИ (ГТЦ) ќе се одржи целодневна, пролетна распродажба на стари и ретки изданија, на која многу неповторливи книги ќе бидат со неповторливи цени и до 80 % попуст.

Продлабочи го твојот специфичен интерес за уметност, ботаника или архитектура со колекционерско издание од „Tashen“, збогати го твоето познавање за античките трагедии и комедии или за големите древни епови преку изданијата со тврд повез.

Богатиот избор што го направивме опфаќа и многу домашни и светски наслови на 20 и 21 век. Роберт Музил, Габриел Гарсија Маркес, Марсел Пруст, Курт Вонегат, Митко Маџунков, Маргерит Дирас, Карел Чапек, Фредерик Бегбеде се само некои од авторите чии книги ќе можеш да си ги обезбедиш.

Доколку си љубител на поезија, те очекуваат стихови од сите краишта на светот и книжевни периоди, но и ретки книги за источните мудрости, јапонски но-драми и научни изданија за магијата на зборот.

А со секои три купени книги – следува книга подарок! На полиците имаме 1 000 наслови кои чекаат да бидат подарени, твое е само да ја понесеш љубовта кон добрата книга. Те очекуваме!





Најнови објави