
НАЈГОЛЕМА РАСПРОДАЖБА ЗА НЕЗАБОРАВЕН КРАЈ
Барем книгољупците знаат најдобро – крајот на едно поглавје значи почеток на ново! До 6 април, во книжарницата на ТРИ во „Ист гејт“ се случува голема книжевна распродажба!
Наслови од 50, 99 или 150 денари, попусти до 80 % на белетристика, безвременски наслови, монографии – ќе најдете сè на што може да се сети еден страстен читател!
Нашите полици се исполнети со приказни кои го чекаат својот нов дом. Нека оваа распродажба биде можност да најдете книги кои ќе ве водат низ животот, кои ќе ви донесат утеха и надеж, кои ќе ве инспирираат да продолжите напред со поцврста верба во себе и во светот околу вас. Овие книги не се само зборови на хартија, тие се патокази, пријатели и лекции од нас за вас, и се надеваме дека ќе остават траен белег во вашите животи.
Се сеќавате ли дека при отворањето на нашата книжарница во „Ист гејт“ го дефиниравме поимот вистинска книжарница? Сега размислуваме за тоа што е вистинска распродажба.
Тоа е мигот кога низ купчињата со книги наоѓате наслови што одамна ги посакувате, а кога ќе ја видите цената, знаете дека можете да си ги обезбедите во голем број. Меѓу овие изданија ќе најдете и некои што одамна ги барате, а досега не ви се појавиле на патот. Дојдете во „Ист гејт“ за да можете да ја искористите максимално оваа вистинска распродажба и за да можете да го почувствувате книжевниот дух.
Книгите се вистинската дестинација!
Побрзајте! Во оваа распродажба се вклучени и монографиите на „Ташен“ кои никого не оставаат рамнодушен и со шаренилото на изданија ни го претставуваат светот во поинакви бои!
На попуст и до 50 %, овие монографии се совршени за сите кои сакаат да ги продлабочат своите специфични интереси за уметноста, архитектурата, модата, ботаниката или автомобилите, и да го направат своето хоби – вистинско уживање!
Сега имате неповторлива можност да ги набавите овие бесценети монографии, со чие прелистување одново и одново се вљубуваме во убавината на иновативноста и уметноста.
Ве очекуваме сите заедно да го испишеме последното поглавје од нашата „Ист гејт“ приказна што вие ја направивте посебна, единствена, незаборавна!